Двајца насилници дивееле во ресторан во Скопје

фото Архива

Против нив ОЈО до Кривичниот суд поднесе обвинение за кривично дело насилство.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело насилство.

На 20 февруари годинава, во просториите на угостителски објект на булеварот „Илинден“, малтретирале, грубо навредиле и им ја загрозиле сигурноста на двајца оштетени, а кај останатите гости во локалот предизвикале чувство на вознемиреност, загрозување и страв.

Меѓу оштетените и обвинетите настанала вербална расправија, а двајцата обвинети на возраст од 19 и 27 години ги нападнале оштетените со тупаници, нанесувајќи им телесни повреди. Едниот обвинет, дополнително револтиран од телефонски разговор кој во тој момент го водела една гостинка во објектот – сведок на настанот, продолжил и неа грубо да ја навредува и агресивно да се однесува, кршејќи го инвентарот во локалот и мобилниот телефон на гостинката.

Поради опасност од бегство, можност обвинетиот и натаму да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и особени околности кои упатуваат на можност да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и предлог со кој побара продолжување на мерката куќен притвор за првиот обвинет. За вториот обвинет, пак, од истите причини, побарано е продолжување на претходно определената мерка притвор​.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот