Крадци две години пустошеле низ Гостивар

Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против К.Ф. (35) и Р.И. (38), двајцата од Гостивар. Тие се осомничени за 21 кривично дело тешка кражба и две кривични дела кражба. Од 22 декември 2017 година се до 17 април годинава во Гостивар, од куќи, патнички возила и стоматолошка ординација, украле пари, електрични апарати, компјутери, електрични машини за работа и алат, оштетувајќи ги „жртвите“ за 797.900 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот