Двајца татковци и нивните малолетни синови се тепале во Злокуќани

Фото: МВР

Тепачка меѓу двајца татковци од Скопје, во која учествувале и нивните малолетни синови, се случила вчера во населбата Злокуќани, соопшти МВР.

„На 14.05.2023 во 18.30 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека на подрачје на населба Злокуќани, општина Карпош, поради претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.С.(41), М.С.(41) и двајца малолетници, сите од Скопје“, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот