Двајца полицајци повредени во сообраќајка, „Мерцедес“ удрил во „Шкода“ на МВР

Сообраќајна полиција /фото: МИА

„Мерцедес“ со скопски регистарски таблички вчера околу пладне удрил во полициска „Шкода Јети“ на влезот во Скопје кај Ченто, при што биле повредени двајца полицајци, соопшти МВР.

„На 29.11.2021 околу 12.10 часот на автопат на влез за Скопје, пред „клучка Ченто”, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес”, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(60) од Скопје и патничко возило „шкода јети”, сопственост на МВР. Во незгодата со повреди се здобиле двајца полициски службеници, на кои им била укажана помош во Градска општа болница „Свети Наум Охридски”“, соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот