Двајца починати и 562 заболени од ковид-19 во Косово во последните 24 часа

Ковид клиника Србија
Фото: ЕПА/ЕФЕ

 Во Косово последните 24 часа се регистрирани два смртни случаи како последица на епидемијата на Ковид-19 и дури 562 новозаразени од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последните официјални статистики на косовското Министерство за здравство, во земјата вирусот досега е откриен кај вкупно 110.756 лица, од кои починале 2.273, а како излекувани, вклучително вчерашните 78, се водат 105.843 лица.

Бројката на активни заболени од Ковид-19 во Косово моментно изнесува 2.640.

Досега во земјата се извршени околу 505 илјади вакцинации, од кои 17.085 од вчера, при што втората доза ја примиле 170.852 граѓани.

Косовските здравствени власти објавија дека најголемиот број од новите случаи на заболени се заразени од новата Делта варијанта на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот