Двајца македонски државјани уапсени во Бугарија, еве ја нивната шема за кражби

Бугарска полиција/Фото: МИА

Двајца македонски државјани развиле шема за џепарење која ја применувале во бугарскиот приморски град Бургас. Во два наврати во ресторани во градот  краделе пари од палтата на гостите, оставени без надзор на закачалки или столови, соопшти Регионалната дирекција на бугарското МВРИ во Бургас.

Мажите на возраст од 50 и 54 години влегувале во угостителските објектите како муштерии, по што го разгледувале менито и разговарале со келнерите, по што оделе кон закачалките наводно да си ги земат своите палта, а всушност ги празнеле џебовите од облеката оставена од другите гости.

-Според шемата е украдена сума од 500 долари, 300 лева и 200 египетски фунти, сопственост на 33-годишен софијанец, објасни портпаролката на полицијата во Бургас, Цветелина Рандева.

Македонците примениле и втора шема за кражба, во друг ресторан Бургас, лоциран во комплексот Лазур каде што седнале во близина на масата на целната жртва, чија јакна била ставена на задниот дел од столот. Користејќи го моменталното одвлекување на вниманието и немањето надзор, од јакната на клиентот успеале да одземат 240 лева и 195 евра.

По двете кражби, овие македонски државјани отпатувале за Софија со намера да си ги прикријат трагите, но како резултат на брзите полициски дејствија преземени од службеници на Одделот за криминалистичка полиција при МВР – Бургас и со асистенција на софиската полиција, сторителите се приведени во Софија кога биле запрени во нивниот автомобил „ауди А 8“, со софиска регистерсла табличка.

На Македонците им е одреден притвор во траење од еден ден, а целосното документирање на нивната криминална активност продолжува под директен надзор и водство на Окружното обвинителство – Бургас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот