Дуда: Жените треба да имаат право на абортус ако носат фетус со фатални вродени аномалии

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, денеска изјави дека верува дека жените треба да имаат право на абортус ако носат фетус со фатални вродени аномалии.

Овој став е во спротивност со неговите претходни изјави, кога ја поздрави одлуката на Уставниот суд за укинување на таквата можност, што доведе до масовни протести низ целата земја.

– Не може законот да бара таков вид херојство од жени”, рече полскиот претседател во интервју за радиото РМФ ФМ.

Дуда рече дека и натаму се залага за забрана за абортус во сите случаи, освен кога станува збор за фетус со фатални вродени аномалии.

Тој вели дека се спротивставува на абортус на фетуси со Даунов синдром, што досега беше главната причина за законски прекинување на бременоста во Полска и повика на усвојување на нов закон што ќе ги разликува фаталните аномалии на фетусот од оние што не се опасни по живот.

Полска го забрани абортусот, ќе биде дозволен само во овие случаи

Изјавата на претседателот на Полска следува седум дена од почетокот на масовните протести во земјата, откако судот донесе одлука според која прекинувањето на бременоста поради фатални вродени аномалии на фетусот е неуставно.

Оваа одлука речиси целосно го забранува абортусот во Полска, а исклучок е дозволен само за оние случаи во кои животот на мајката е загрозен или кога бременоста настанала како резултат на кривични дела како што се инцест или силување.

Во земјата и пред одлуката на Судот во сила беше еден од најрестриктивните закони во Европа во однос на абортусот.

Петти ден протести во Полска поради законот за абортус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот