Полска го забрани абортусот, ќе биде дозволен само во овие случаи

epa06671065 People take part at the '5th March for Life and Family' in Krakowskie Przedmiescie, Warsaw, Poland, 15 April 2018. Organized by Polish conservative-Chatolic organisations, the 'March for Life and Family', according to the organisers, intends to point out their opinion in terms of marriage, pro-life movement and abortion. EPA-EFE/Adam Guz POLAND OUT

Многу лекари во Полска, којашто има најстроги закони за абортус во Европа, веќе го користат своето законско право да одбијат абортус врз основа на религиозни убедувања.

Полскиот Уставен суд пресуди дека абортусот врз основа на фетални дефекти е неуставен, што создаде правна основа што се приближува до скоро целосната забрана за абортусот во оваа претежно католичка земја.

Кога пресудата ќе стапи на сила, абортусот ќе биде дозволен само во случај на силување, инцест или ако се загрозени здравјето и животот на мајката.

Конзервативните вредности одиграа водечка улога во полскиот јавен живот откако националистичката Партија на законот и правдата (PiS) дојде на власт пред пет години, ветувајќи дека ќе го одбрани она што многумина го сметаат за традиционален, католички карактер на земјата.

Забраната за пристап до абортус е долгорочна амбиција на партијата, но поради негативната реакција на јавноста, не беа преземени законски чекори.

Критичарите велат дека Уставниот суд пресудил во име на партијата. Иако судот е номинално независен, повеќето судии се назначени од PiS.

Партијата го негира нивното влијание врз пресудата на судот, иако нивните реформи во полското правосудство предизвикаа обвинувања дома и во странство за кршење на демократските норми. Владејачката партија тврди дека нивните реформи имаат за цел само создавање на поефикасно и пофер судство.

Активистите за правата на абортусот тврдат дека пристапот до постапката за абортус во Полска во последниве години бил неодобруван дури и во случаи кога тоа било легално.

Многу лекари во Полска, којашто има најстроги закони за абортус во Европа, веќе го користат своето законско право да одбијат абортус врз основа на религиозни убедувања. Некои велат дека нивните претпоставени ги принудуваат на тоа.

Барбара Новацка, пратеник од опозицијата, рече на приватното радио Зет пред пресудата: „Ова е многу тежок избор и не би имала храброст да донесам одлука наместо семејствата кои се соочуваат со оваа ситуација“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот