Петти ден протести во Полска поради законот за абортус

Фото: EPA-EFE/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT

Активистки за женски права и неколку илјади нивни поддржувачи петти ден по ред протестираа ширум Полска поради заострување на строгиот закон за абортус. На улиците во Варшава излегоа воглавно млади демонстранти и го блокираа собраќајот за време на најголемата гужва.

Во Краков демонстрантите извикуваа „Оваа е војна”.

Полскиот Врховен суд минатата недела одлучи дека е неуставно да се прекине бременоста поради вродени оштетувања на фетусот, а со пресудата стриктно се забранува речиси сите абортуси во Полска.

Одлуката на судот се уште не стапи во сила, бидејќи сè уште не е официјално објавена.

Невладината организација „Федерација на жени и планирање на семејството“ соопшти дека годишно во Полска се извршуваатод од 100.000 до 150.000 абортуси, од кои дел илегално, а некои во странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот