Дресот на Њуелс олд бојс ќе остане само сон за Меси

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси има една желба, да одигра барем еден натпревар во дресот на неговиот омилен клуб, Њуелс Олд  бојс. Тоа е клубот во кој Аргентинецот започна да тренира, но не стигна да заигра за сениорскиот тим. Тој на 13 години се пресели во Барселона со што му остана неостварен сонот, да го облече дресот на тимот во кој ја започна фудбалската кариера.

– Постојано зборувам дека не сакам да се селам од Барселона и никогаш не сум размислувал за такво нешто. Имам само еден сон, да играм за Њуелд олд бојс, но не сум сигурен дека ќе ми се оствари бидејќи имам семејство кое е поважно од моите желби. Тоа ми беше сон уште од детството, имам три деца и живеам на место во кое имам се, имам свој мир и децата тука во Барселона имаат светла иднина – призна Меси.

Аргентинецот и покрај тоа се надева дека ќе одигра барем еден натпревар во татковината за да ја почувствува неверојатната атмосфера која ја прават навивачите.

– Би сакал да играм во Аргентина. Како дете заедно со татко ми редовно одевме на натпреварите на Њуелд и атмосферата беше фантастична. Дуелот Ривер – Бока или дербито на Њуелд со Росарио е идентично како и Реал – Барса. Тоа се идентични дерби натпревари како во Шпанија но со многу луди навивачи – потенцира Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот