Драмата продолжува: Тројца вработени во болницата под истрага поради медицинската документација на Кејт Мидлтон

Фото: EPA/STEPHANIE LECOCQ

Тројца вработени се под истрага од раководството на приватната болница во Лондон каде што беше оперирана Кејт Мидлтон. Тие се осомничени дека се обиделе да пристапат до медицинската документација на принцезата, пишува „Дејли мејл“.

Сите тројца работат во престижната приватна болница каде принцезата од Велс имаше абдоминална операција претходно оваа година, и каде што кралот Чарлс се лекуваше од зголемена простата пред да му биде дијагностициран рак.

Раководството на болницата одби да одговори на прашања за статусот на персоналот и кога е започната истрагата, иако се верува дека сите тројца вработени се суспендирани.

Се верува дека Кејт била информирана за потенцијалното нарушување на доверливоста на нејзините податоци, но истрагата сè уште не покажала дека биле загрозени и податоците на кралот Чарлс, кој во истиот период бил на лекување во истата болница.

Британскиот медиум пишува дека полицијата би можела да се вклучи во целосната истрага, иако тоа сè уште не е потврдено. Од болницата не сакаа да откријат детали за вработените.

Братот на принцезата Дијана искрено проговори за ситуацијата со Кејт Мидлтон: Се грижам за тоа што се случи…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот