Драма во Франкфурт: Маж со нож нападнал луѓе, неколку лица се повредени

Фото: Илустрација/EPA

Германската полиција вели дека еден човек со нож нападнал и ранил неколку луѓе во градот Франкфут пред властите да го приведат.

Полицијата во Франкфурт преку твит изјави дека ниту една жртва на нападот утринава не е во животна опасност.

Од таму не објавиле никакви детали за напаѓачот, ниту колку луѓе се повредени.

„Не постои опасност за јавноста“, напиша на Твитер полицијата.

Локалните медиуми известиле дека инцидентот се случил во близина на главната градска железничка станица и дека жртвите се префрлени во блиската болница, пренесува АП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот