Домот на Пабло Ескобар: Луксузен хотел со бурно минато (ФОТО)

Секој има своја цена. Важно е само да знаете колкава е таа, рече одамна починатиот злогласен нарко бос Пабло Ескобар, а за неговиот дом денеска да се претвори во луксузен хотел потрошени се дури 17,5 милиони долари.

Туристичкиот комплекс е направен на имотот на познатиот мафијаш, а се наоѓа на плажа во Тулум, Мексико.

Оваа локација се смета за најпопуларна туристичка дестинација на полуостровот Јукатан.

Всушност, купен е само еден дел од некогашната вила на Пабло Ескобар, познатата Каса Малка и тоа за 17,5 милиони долари, додека за нејзино уредување се одделени дополнителни 100 милиони.

Луксузниот комплекс има „само 42“ единици за сместување, кои се пространи и совршено уредени. Хотелот, иако се наоѓа на плажа, има и два базени.

Во комплексот се наоѓаат и два ресторани и низа на продавници од познати марки, пишува „Сео Лајфстајл“.

Иако многумина не се согласуваат дека поврзаноста на овој објект со бруталниот Ескобар е добра за бизнисот, сепак токму тоа придонесе многу познати лица да се заинтересираат за Тулум, а со самото тоа и многу туристи добија желба да го посетат ова место.

Читателите на туристичкиот магазин „Конте нас травелер“ го прогласија овој комплекс за еден од најдобрите во 2020 година.

The post Домот на Пабло Ескобар: Луксузен хотел со бурно минато (ФОТО) appeared first on Еспресо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот