Долгото трагање по тунелите не даде никаков знак каде би можела да биде Данка

фото: МВР Србија

Долгото пребарување и претрес на тунелите и подземните канали во регионот на Бањско Поле каде што исчезна малата Данка не покажаа никакви траги за тоа каде би можело да биде двегодишното девојче.

„По повеќе од 70 часа детално пребарување на теренот во Бањско Поље, припадниците на МУП продолжуваат интензивно оперативно за пронаоѓање на девојчето и утврдување на сите факти и околности за исчезнувањето на детето“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Во соопштението се наведува дека детално се пребарале тунелот, подземните канали и шахтите во вкупна должина од околу 4,5 километри.

Во градот Бањско Поље, каде исчезна девојчето, ноќта меѓу четвртокот и петокот пристигнаа две специјалистички екипи за спасување од урнатини од Белград и Нови Сад, а рано утринава започнаа со детално пребарување на околината на домот на исчезнатото девојче. Спасувачките екипи бројат вкупно 18 пожарникари-спасувачи со пет теренски возила и едно куче спасител, соопшти српското МВР, додавајќи дека припадниците на полициските сили ги преземаат сите мерки за пронаоѓање на девојчето и утврдување на сите факти и околности за нејзиното исчезнување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот