Доктор од болницата во Драч позитивен на корона, потврдени нови 10 случаи

Расте бројот на заразени од корона вирусот во Албанија, изминатите 24 часа регистрирани нови 10 позитивни случаи.

Во последните 24 часа кај нашиот сосед Албанија регистрирани се нови 10 случаи, со што бројот на заразени се зголеми на 33 лица. Еден од новозаразените е доктор од болницата во Драч, каде беше хоспитализирана жена која почина од компликации како последица на вирусот.

Од појавата на вирусот направени се вкупно 457 тестирања, од нив само во изминатите 24 часа дури 159, информира тамошното Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот