Доколку некој може да го направи невозможното, тогаш тоа е Новак

Новак има можност да стане првиот тенисер по Род Лејвер кој го освои календарскиот слем/ фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Покрај дискусијата за тоа кој е најдобар тенисер во историјата, во последно време се зборува и дали Новак Ѓоковиќ може да ги освои сите четири грен слем турнири во една година.
За тоа зборуваше поранешниот шампион на Вимблдон, Пет Кеш, кој е убеден дека Ѓоковиќ може да победи на УС Опен и на Олимписките игри во Токио доколку настапи.

Со тоа, Новак би го комплетирал „златниот слем“, нешто што досега на никого не му успеало во историјата на тенисот.
– Оваа година е одлична можност за Новак Ѓоковиќ да ги освои сите грен слем титули. Без некого да навредам, овогодинешната жрепка на Вимблдон беше една од најслабите во последните многу, многу години – вели Пет Кеш за „Лекип“.

Поранешниот грен слем шампион потоа објасни дека конкурентите многу заостануваат зад Ѓоковиќ.
– Две големи ѕвезди се враќаат по повредите, Енди Мареј и Рожер Федерер играа добро, но тие повеќе на се во најдобра форма. Младите кои доаѓаат сè уште ги нема.  А, Новак седи на врвот на планината како крал на замокот.

Кеш верува дека за Новак се е возможно поради одличната форма.
– Во последните денови многу се зборува за можноста Ѓоковиќ и понатаму да ги уништува статистичките параметри. Неверојатната, фантастична сезона му  овозможува да сонува за нивоата до кои беше невозможно да дојде. Две се истакнуваат со симболиката и димензијата, тоа се Олимписките игри во Токио кои Новак ги доведе во прашање и УС Опен. Неговата цел е да победи на сите четири грен слем турнири во една година. Тоа не е лесно да се оствари, но мислам дека доколку некој може да го направи тоа, тогаш тој е токму Новак – вели Пет Кеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот