„Дојди во парк со велосипед“ за промоција на велосипедизмот

Втора спортска активност „Дојди во парк со велосипед” организира денеска Општина Чаир, организацијата „Center for common ground”, Амбасадата на Велика Британија и на Холандија во рамки на проектот „Јакнење на отпорноста на локалните заедници на насилен екстремизам во Македонија”.

Од општина Чаир информираат дека целта на оваа активност е да се промовира велосипедизмот како корисна спортска активност за здравјето и за чистотата на воздухот, но пред се да се стимулира соработката, да се промовира толеранцијата, мирниот соживот и социјалната кохезија.

– На најавениот круг со велосипеди ќе учествуваат амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се наведува во соопштението од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот