Додик тврди дека Република Српска ќе стане независна држава, бидејќи БиХ не може да е дел од „Отворен Балкан“

Милорад Додик / Фото EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека РС ќе стане независна држава, бидејќи Босна и Херцеговина не може да биде дел од регионалните иницијативи, како што е „Отворен Балкан“.

Додик оцени дека „Отворен Балкан“ е добра иницијатива, но дека Босна и Херцеговина не мисли така.

„Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Денис Беќиревиќ, штом ќе се разбуди наутро, веднаш ги мрази Србите. Но, ние живееме во таква земја, каде што некои амбасади вежбаат врз нас, но и тоа ќе помине еден ден“, напиша Додик на својот Твитер профил.

Според неговите зборови, БиХ е „невозможна земја, која е полигон за обука на американскиот амбасадор. Но, и тоа ќе помине“, рече Додик.

Тој повтори дека Србите „не извршиле геноцид и дека тој бил измислен“.

Високиот претставник во Босна и Херцеговина Крисатијан Шмит вчера ги повика надлежните институции да ги истражат и гонат лицата кои го негираат геноцидот во Сребреница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот