Додик: Посетата на Ѓукановиќ на БиХ е штетна по националниот интерес на Република Српска

Фото: ЕПА

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ) Милорад Додик во собранието на Република Српска (РС) изјави дека и понатаму е против посетата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на БиХ со оглед на настаните во таа земја.

Како што пренесува РТРС, тој рекол дека во Претседателството на БиХ двапати гласал против посетата на Ѓукановиќ и дека упатил барање Собранието на РС да се изјасни за тоа, со оглед на тоа дека со Дејтонскиот договор на Собранието му е дадено уставно право за одлучување кога се во прашање виталните интереси на РС.

– Мојата желба беше посетата да се одложи, во екот на настаните во Црна Гора. Не верувам дека постои православен Србин кој не ги почитува литиите кои се одржуваат ширум Црна Гора и кој не се солирадаризира со српскиот народ во Црна Гора – рече Додик.

Оцени дека и за БиХ и за црногорскиот претседател би било најдобро да се одложи неговата официјална посета на БиХ поради настаните во врска со Српската православна црква во Црна Гора.

Додик нагласи дека спорниот Закон за слобода на вероисповед, кој го усвои црногороското Собрание, е насочен против Српската православна црква (СПЦ), како и дека и самиот Ѓукановиќ рекол оти сака да направи црногорска православна црква бидејќи не може да се заокружи проектот на државата без таквата црква.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот