Додик планира „економска унија“ со Орбан и Вучиќ

милорад додик и виктор орбан
Милорад Додик и Виктор Орбан / EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK HUNGARY OUT

Лидерот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека е горд што е под санкции на САД и дека своето натамошно политичко патување го планира „со пријателите“, наведувајќи дека тоа се претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Додик и неговите најблиски соработници, меѓу кои се речиси сите водечки луѓе во Република Срспка, како и членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, се под санкции на американското Министерство за финансии, а сега се соочени со фактот дека банките во БиХ, сите од ред, им ги затвораат сметките и на тој начин се обидуваат да избегнат ситуација во која и самите би ги трпеле последиците со тоа што ќе бидат исклучени од меѓународните платни трансакции.

Додик и неговите соработници сега не можат да добиваат плати, како и заеми или кредитни картички, а со затворањето на банкарските сметки, компаниите што САД ги идентификуваа како извор на финансиска моќ за лидерите на босанските Срби.

Меѓу нив е и фирмата „Интеграл инжењеринг“ од Лакташи, која до неговата смрт минатата година ја водеше пријателот на Додик, Слободан Станковиќ. И покрај тоа што почина, санкциите за неговата компанија останаа, а од таму потврдија дека од досегашните 17 сметки, банките затвориле 15, а наскоро очекуваат да ги блокираат и останатите две, па не не знаат како ќе продолжат да работат.

И покрај фактот што поради санкциите стана несолвентен, Додик денеска изјави дека „не му е грижа за американските санкции“ и дека тоа нема да го одврати од неговата политика.

-Имаме и други пријатели, рече Додик, а обидувајќи се да ги наброи, ги спомна Вучиќ, Путин и Орбан, а особено сметаше на соработка со Будимпешта и Белград, кој го нарече и негов главен град.

„Унгарија, Република Српска и Србија ќе се здружат во некаков вид економска унија“, најави Додик.

Тој повторно се закани дека Република Српска наскоро ќе го усвои својот изборен закон и по него ќе спроведе избори доколку не се отповика одлуката за наметнување технички измени во изборниот закон, што ја донесе високиот претставник Кристијан Шмит.

-Ќе го донесеме тој закон и според него ќе спроведеме избори во Република Српска. Не ни е грижа доколку Западот не ги признае. Ние ќе ги признаеме, рече Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот