Додик: Не сакам БиХ да пропадне како држава , но балансот на Дејтонскиот договор е сериозно нарушен

Фото: Профимедиа

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека не сака неуспех на БиХ и дека е погрешно претставен како некој што сака конфликти.

Додик смета дека е нарушена „деликатната рамнотежа“ на Дејтонскиот договор и го обвнини поранешниот висок претставник на меѓународната заедница Педи Ешдаун дека бил „најлошиот криминалец“

„Не, не сакам БиХ да пропадне. Јас само сакам да постои врз основа на Уставот. „Ако не може така, зошто федерацијата воопшто би функционирала?“, праша Додик.

Додик за британски Гардијан изјави дека сè уште сака БиХ да влезе во ЕУ и покрај постојаното отфрлање од страна на државите како што се Франција и Холандија.

„Од нас се очекува да се однесуваме и да се надеваме дека ќе има проширување на ЕУ , иако знаеме дека нема. Во меѓувреме нудат некои програми и ние го цениме тоа, благодарни сме. Но, ако сакаат да не доближат до ЕУ, тогаш треба да престанат да ми поставуваат услови“, рече Додик.

Тој нагласи дека се уште верува во Дејтонскиот договор, но дека договорот бил узурпиран од „странец кој не е избран“ алудриајќи на високиот претсавник во БиХ, кој на сила наметнал околу 140 закони
Српскиот член на Претседателството на БиХ напомена дека сите проблеми во БиХ биле предизвикани од четворица „неизбрани“ странци.

„Високите претставници и тројца судии (назначени од Европскиот суд за човекови права), странци, дејствуваат во Уставниот суд на БиХ како координиран злосторнички акт против уставниот поредок“, рече Додик.

Зборувајќи за војната во Сребреница, Додик истакна дека нема да ги оспорува пресудите против поединци и дека никој нема да негира дека таму немало злосторства.

„Но, вистинито е и дека раскажаната приказна не е целосно вистинита. Речиси идентичен број на Бошњаци и Срби беа убиени. Нема одлука дека српскиот народ извршил геноцид“, истакна Додик.

Кога станува збор за предупредувањата за можни санкции поради најавата на седницата на Народното собрание на Република Српска за враќање на одземените надлежности на Република Српска, Додик рече дека не е избран да се однесува како страшливец и дека нема да биде обесхрабрен од спротиставувањето на Лондон, Вашингтон, Берлин и Брисел.

Тој нагласи дека санкциите и укинувањето на финансирањето од ЕУ само ќе го принудат срспкиот ентитет во Босна и Херцеговина да ги прифатат инвестициските понуди од Кина.

Гардијан“ потсетува дека Додик неодамна разговарал со американскиот заменик државен секретар Габриел Ескобар, кому му рекол дека не го интересираат заканите во врска со понатамошната реакција на Вашингтон и дека нема да го попречат финансиските санкции од Германија.

„Се разбира, не сум рамнодушен, но не ме одбраа да бидам страшливец“, изјави Додик.

Најавувајќи дека наскоро ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, Додик оцени дека му се допаѓаат средбите со рускиот претседател, бидејќи Путин е единствен светски државник кој нема никакви барања од Република Српска .

„Тој само прашува: „Како можам да помогнам? Кога и да разговарав со него, никогаш не бев измамен. Не знам на која основа да ја засновам довербата, ако не на тоа. Си Џинпинг, исто така, вели „ако има нешто каде можам да помогнам, тука сум“, посочи Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот