„Доброволците развиваат антитела“: Завршува втората фаза од испитувањата за вакцина од „Вектор“

Втората фаза од клиничките испитувања за вакцина против коронавирусот, која ја разви рускиот истражувачки центар за вирологија и микробиологија „Вектор“, ќе биде завршена меѓу 28 и 30 септември, пренесува ТАС.

Ана Попова, директорката на Федералната служба за надзор и заштита на правата на потрошувачите и благосостојба на луѓето, наведува дека втората фаза на вакцината која ја разви центарот „Вектор“ ќе биде завршена меѓу 28 и 30 септември.

Попова за руската државна телевизија изјавила дека оваа фаза од испитувања била успешна, дека доброволците развиваат антитела и дека никој од нив не покажал никакви клинички симптоми по примање на вакцината.

Претходно, Федералната служба за надзор и заштита на правата на потрошувачите и благосостојба на луѓето најави дека се очекува дека процедурата на регистрирање на вакцината која ја разви центарот „Вектор“ ќе биде завршена до 15 октомври.

Русија до 15 октомври ќе регистрира втора вакцина против ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот