Добри вести од Данска: Ериксен во стабилна состојба е префрлен во болница!

Кристијан Ериксен колабираше на Европското првенство 2020/фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Фудбалерот на Данска, Кристијан Ериксен на дуелот против Финска на Европското првенство колабираше на крајот на првото полувреме, по што беше реанимиран.

Натпреварот беше прекинат откако Ериксен се сруши, лекарите притрчаа на теренот и реанимираа, по што тој беше изнесен од стадионот, но по некое време се појави слика од Копанхаген која дава надежи и добри вести.

Во преносот, водителите известија дека Ериксен е во стабилна состојба и дека е на пат кон болницата!

Покрај тоа, еден од новинарите на Ројтерс го виде репрезентативецот на Данска како мрда со раката!

УЕФА информираше дека одржа кризен состанок со двата тима и со официјалните лица на натпреварот, а дополнителните информации ќе бидат соопштени во 19.45 часот.

– Играчот е пренесен во болница и е стабилизиран – соопштуваат од УЕФА.

Исто така и од данската фудбалска федерација објавија дека Ериксен е буден.

Ужас на ЕВРО 2020: Ериксен се бори за живот, прекин во Копенхаген!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот