До оваа сезона никој не знаеше за него, Барса го проценува на 400 милиони евра

EPA-EFE/Toni Albir

Младиот фудбалер на Барселона, Педро Гонзалез Лопез или попознат како Педри ја игра својата прва сезона во Барселона и веќе импресионира со своите перформанси.

Има само 18 години, и сезонава досега играше на 30 мечеви во сите натпреварувања. Тој брзо ги освои симпатиите на навивачите, кои веруваат дека со Ансу Фати ќе биде иднината на клубот.

Барса го договори неговиот трансфер во летото 2019 година за само пет милиони евра од Лас Палмас, а сегашниот договор со Каталонците важи до летото 2022 година. Но, Каталонците имаат опција, односно клаузула која може да се активира на дополнителни две сезони.

Шпанците ќе му понудат комплетно нов договор на Педри кој се очекува да трае до лето 2026 година, а неговата ослободителна клаузула ќе биде неверојатни 400 милиони евра.

Со оглед на таа бројка, се верува дека тој е неверојатен талент и играч на кој му се предвидува одлична кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот