Дневен хороскоп за 22 октомври: Ќе се чувствувате посакувано и сакано

дневен хороскоп
Фото: Unsplash

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 22 октомври, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Ќе бидете резервирани поради чудната планетарна енергија. Многу фантазирате. Реалноста е нешто сосема друго. Ѕвездите ви препорачуваат да се опуштите и да размислите за вашите соништа. Бидете искрени и без претерување и глумење кажете сѐ што мислите, бидејќи ќе бидете пријатно изненадени од одговорот.

Бик

Ќе дишете под влијание на денешната планетарна енергија. Ќе имате можност да бидете тоа што сте. Денес, на сите што ќе ви пристапат, вклучувајќи го и вашиот партнер, ќе им кажете дека не можете да направите ништо за нив, освен да водите обични разговори, кои не се тешки, чудни, срамни или понижувачки.

Близнаци

Пред вас е многу хармоничен ден за сите видови врски – љубовни, пријателски или платонски. Планетарната енергија дава можност за поголема отвореност и подготвеност за споделување топлина и љубов. Разговорите што ги водите ќе ве направат среќни. Ова е прекрасен ден за забавување. Опуштете се.

Рак

Под влијание на денешната планетарна енергија ќе имате можност да блеснете во чудна ситуација, како и да се договорите околу нешто што веќе долго време ве мачи. Можете да му пружите сигурност на вашиот партнер доколку малку се потрудите околу него и направите да се чувствува посебно.

Лав

Пред вас е ден кога сѐ ќе биде бавно, но слатко. Можно е да водите разговори за сѐ, само не за љубовта. Меѓутоа, ова ќе ви даде можност малку да ги „сварите“ минатите турбулентни љубовни настани. Ако имате партнер, секако владее хармонија меѓу вас, а вие не сте свесни за тоа. Отворете ги очите.

Девица

Ден за уживање. Со партнерот ќе поминете одлично време и ќе почувствувате неверојатна близина. Ако имате искуство со миризливи етерични масла, размислете за масажа, која дефинитивно ќе ве однесе до седмото небо. Луѓето сакаат некој да се грижи за нив и да се чувствуваат посебно. Работите на тоа и ќе бидете наградени.

Вага

Астралната енергија покажува дека ви е потребна релаксација, кога одредена љубовна врска е во прашање. Најверојатно сте имале многу бурен и малку нервозен период. Конечно, имате впечаток дека целиот товар паднал на вашите плеќи. Слободно испружете се во фотелјата, бидејќи космосот ќе се погрижи сѐ да биде во ред.

Скорпија

Ќе бидете благодарни за денешната огромна енергија која ќе ви донесе одлично расположение. Ќе се чувствувате посакувано и сакано. Денес можете да се опуштите и да дозволите сѐ да оди по својот тек. Споделете ги вашите чувства, отворете се, бидете искрени и сигурни во себе. И другите ќе ве гледаат со почит.

Стрелец

Очекувајте романтичен завршеток на денот. Ако сте во врска, ќе почувствувате силна искра помеѓу вас и саканиот, а ако сте сами, ѕвездите ќе ви донесат личност која се вклопува во вашите стандарди за идеален љубовен партнер. Исто така, креативноста се буди во вас, па ќе бидете инспирирани да направите пресврт.

Јарец

Бидејќи сакате да бидете опкружени со нови лица, ќе се насочите кон активности кои ќе ви донесат нови познанства. Со вашите мудри зборови ќе привлекувате внимание каде и да се појавите. Нема да можете да ја поднесете осаменоста и ќе испланирате повеќе средби со пријатели. Ќе направите голема забава со големо друштво.

Водолија

Вашите несогласувања, главно ќе доаѓаат од партнерот, или од вашето опкружување, но и поради некакви активности на работно поле. Почетокот и крајот на денот можат да бидат нешто понервозни од вообичаено, особено утрото кога поради некакви свои заблуди ќе бидете мошне индиспонирани и разочарани.

Риби

Вашата енергија е насочена кон кариерата, а сѐ друго ќе туркате во втор план. Веројатно заборавивте на ветувањето дека ќе му се посветите на семејството. Би можеле да се разочарате ако и понатаму премногу очекувате од луѓето кои онака, лаконски ветуваат некои работи. Никогаш не заборавајте да го послушате вашиот внатрешен глас.