Директорот на ИЈЗ Мемеди: Има време за укинување на вонредната состојба

Директорот на ИЈЗ истакна дека сите мерки кои се преземени се за граѓаните и нивното здравје, нагласувајќи дека доколку повеќе се почитувале, бројот на заболени ќе бил помал.

Директорот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мемеди нагласи дека има време за укинување на вонредната состојба, посочувајќи дека може да бидеме порелаксирани само кога бројката на позитивни случаи на Ковид-19 ќе стигне под 10.

– Мерките уште ќе се олабавуваат, но треба да се почитуваат препораките, носење на маски и социјалната дистанца како најглавни мерки, потенцираше Мемеди.

Тој, во гостувањето на „24 анализа” на телевизија 24, рече дека „одиме во насока на победа” над коронавирусот, констатирајќи дека државата од почетокот на состојбата досега добро се справува. Мемеди рече дека ако се прави спореба со позитивни резултати на коронавирусот, бројката во последните пет дена се намалува, а со тоа и смртноста.

Директорот на ИЈЗ истакна дека сите мерки кои се преземени се за граѓаните и нивното здравје, нагласувајќи дека доколку повеќе се почитувале, бројот на заболени ќе бил помал.

Прашан, зошто е намален бројот на тестирања, тој наведе дека колку брисеви се земаат, толку тестирања се прават. Како што нагласи Мемеди, „нема симптоми, нема епидемиолошки анкети, нема брисеви”.

За случајот за кумановката која почина дома, Мемеди наведе дека за тој случај треба да се види епидемиолошката анкета.

– Треба да се види епидемиолошката анкета, клиничката слика и не може ако се има позитивен случај со таква клиничка слика да се стави во изолација да почине. Тука треба да се видат многу параметри, од кога е излезена позитивна, па се до вчера кога починала. Треба се да се види и треба да се вклучи и инспекторатот. Треба да потврдиме од каде е, нагласи директорот на ИЈЗ, оценувајќи дека најважна е епидемиолошката анкета.

Тој рече дека многу пацинети во изолација имаат лесна клиничка слика, а во однос на смртноста кај младите лица, објасни дека станува збор за други коморбидитети, додека кај некои фактор за смртта е и обезноста.

Мемеди констатираше и дека не е безбедно сега да се одржуваат избори.

– Ќе ги видиме резултатите и врз основа на тоа ќе дадеме препораки на Министерството за здравство, Владата и другите институции. Иако се споменува одење на избори со маски, не ни значи ништо месец или два да чекаме, кога сега на сите политички партии ни е приоритет здравствената состојба на граѓаните, истакна директорот на ИЈЗ, Шабан Мемеди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот