Директните инвестиции се преполовуваат – голем удар за земјите во развој

УНКТАД предвидува и дека кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус ќе го поттикне зајакнувањето на економскиот национализам и ќе го забрза трендот на автоматизација на производството.

Поради пандемијата предизвикана од корона вирусот во 2020 година се предвидува пад на директните инвестиции за околу 40 проценти, што пак ќе претставува директен удар за земјите во развој.

Обединетите нации во најновиот извештај објавен денеска проценуваат намалување на странските директни инвестиции од минатогодишните 1,540 милијарди американски долари под 1.000 милијарди долари, првпат од 2005 година.

Конференцијата на ООН за трговија и развој (УНКТАД) посочува дека Во 2021 година овие инвестиции ќе бидат намалени за дополнителни пет до 10 проценти, а закрепнувањето не се очекува до 2022 година.

Пандемијата влијаеше и на прекуграничните спојувања и аквизициите на компаниите, кои беа преполовени во првите месеци од оваа година, пренесува агенцијата на Обединетите нации.

УНКТАД предвидува и дека кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус ќе го поттикне зајакнувањето на економскиот национализам и ќе го забрза трендот на автоматизација на производството, како резултат на напорите на владите и компаниите да се заштитат од идните шокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот