Дино Мерлин за првпат стана дедо: Неговото внуче името го доби според прадедото

Instagram

Познатиот музичар Дино Мерлин стана дедо за првпат, пишува Дневни аваз.

Фото: Твитер / @dinomerlin

Првото внуче Мерлин го добил пред неколку дена. На неговиот син Хамза и снаата Џенета им се роди синчето Незир.

„Мајката и бебето се веќе дома и добро се чувствуваат. Честитки за семејството доаѓаат од сите страни“.

Синот на Мерлин минатата година се венчал со неговата партнерка Џенета, а нивната љубов трае уште од гимназиските денови и оттогаш се неразделни. Биле во врска седум години.

Хамза Мерлин / Фото: Фејсбук

Новороденчето го добило името Незир по неговиот прадедо, таткото на сопругата на Дино Мерлин.

Дино и неговата сопруга Амела се пресреќни поради првиот внук, како и нивната ќерка Наида, која станала тетка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот