Димитров за одлуката на Апелација: Срам за судството

Никола Димитров
Никола Димитров / Фото: Утрински брифинг/Слободен печат

Одлуката на Апелација за поништување на пресудата на Основниот суд во случајот „Тврдина-Таргет“ е срам за судството, институција со најмала доверба во државата што е на добар пат да ги изгуби и тие 8 проценти, одлука што е горчлив пораз на жедта за правда на целата нација, смета поранешниот вицепремиер и министер за надворешни работи Никола Димитров.

-Зарем година и половина им требаше да потрошат за ваква одлука, да поништат? И кога е јасно дека има ризик од застарување, што правиме со обврската да се суди во разумен рок? Во најмала рака, дури и да имало апсолутна повреда на кривичната постапка во прв степен, што се разбира не можеме да знаеме бидејќи ја немаме пресудата, требало Апелација да одлучи мериторно – да ја потврди или преиначи пресудата на Основниот суд. Вака ем избегале од одговорност ем завршиле работа, предметот ќе застари – напиша Димитров на Фејсбук.

Според него, оваа кал е резултат на клиентелизмот, поставување на „наши“ или „ваши“ судии и обвинители, кои потоа должат и враќаат услуги.

-И не, нема ЕУ ниту САД да ни го решат овој проблем. Можат да помогнат, но проблемот ќе мораме да го решиме ние, граѓаните, борејќи се против партизацијата. Се додека за способните и чесните нема место поради партиски лојалните, нема излез од овој грд круг. Знаете всушност што нам ни треба? Антипартија! – пишува Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот