Димитров: Во следниот период или ќе го обновиме кредибилитетот на ЕУ или ќе го загубиме

Фото: Слободен печат

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров пред почетокот на неформалната средба на министрите за европски прашања од земјите од ЕУ, кој се одржува во Брдо, Словенија вели дека добро е што земјите кандидати се тука заедно со земјите членки на Европската унија да се разговара за актуелните прашања. Тој исто така истакна дека ќе го отвори прашањето за пристапувањето и проширувањето на Унијата.

– Го споменав зборот „криза“, кој етимолошки доаѓа од терминот „одлучувачки момент“. Сметам дека под словенечкото европретседателство во наредните неколку недели и месеци многу ќе се приближиме до овој одлучувачки момент. Или ќе го обновиме кредибилитетот на Европската унија на Балканот или ќе го загубиме. Многу се потпираме на занаетот и мудроста на нашите словенечки пријатели, за кредибилитетот да го задржат, а не да го загубат, изјави вицепремиерот.

Вицепремиерот вели дека главна тема ќе биде справувањето со коронавирусот.

-Вирусот не знае за граници и не знае дали некоја земја е членка или пак има статус на кандидат. Дури и ако гледате географски ние сме окружени од земји членки и затоа битката треба да се води заедно со ЕУ, истакна Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот