Димитров од Виена ја почнува турнејата во главните градови низ ЕУ

Никола Димитров
Никола Димитров / Фото: EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

 Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ќе престојува во работна посета на Виена во чии рамки е предвидено да е има средби со Каролине Едштадлер, министерка за Европа и Устав, и со министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, посетата е дел од турнејата на вицепремиерот Димитров на главни градови на земји членки на ЕУ, а во контекст на изразените австриски заложби за интензивирање на процесот на проширување на ЕУ со државите од Западен Балкан, како и ангажманот на Австрија во справувањето со пандемијата КОВИД-19  и обезбедувањето помош врз основа на принципот на солидарност.

Како што е соопштено, Димитров ќе се осврне на реформските чекори и цврстата посветеност на Северна Македонија во надминувањето на предизвиците и исполнувањето на европската агенда, а главниот акцент ќе биде ставен на изгледите за постигнување поголема кредибилност и остварливост на европската перспектива и нејзино конкретизирање преку одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

На средбите ќе се отворат и темите повразни со билатералната соработка со Австрија како наш посветен поддржувач, која вклучува конкретна помош за спроведување на реформите во клучните области од процесот на европска интеграција, како и конкретни хуманитарни, инфраструктурни и инвестициски проекти, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот