ДИК може да поништи гласање каде што комисиите сами решиле да се гласа без фингерпринт

Локални избори 2021 / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Избирачки места во Скопје и Кичево, сами си донеле одлука фингерпринтот да се замени со класичниот начин на гласање.

Државната изборна комисија предупредува: Може да го поништиме гласањето на овие гласачки места, ако не се корегираат. ДИК официјално само во 7 гласачки места дал зелено светло гладсаето да се одвива со УВ-ламба: Ново Село, Старо Нагоричане, Студеничани, Чаир, и во 2 избирачки места во Чучер Сандево.

Во 99,97% уредите за биометриска ифентификација на гласачите работеле исправно и нема причина да се премине на стариот начин на гласање, уверува првиот човек на ДИК, Александар Даштевски.

Изборниот молк ќе трае сѐ дури трае и гласањето, зашто се создаваат метежи пред избирачките места. Инструкции до избирачките одбори, по еден член од таму од надвор да го регулира протокот на гласачите за да се релаксира застојот.

До 17 часот. излезноста е 41,38 проценти или вкупно 547.284 гласачи. Од скопските општини Аеродром и натаму води со излезност 40.27 отсто. На ниво на држава, во Вевчани гласале 64.27 отсто, што и највисок процент излезени гласачи до 17 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот