Џорџ Клуни прозборе за карантинот со Амал и децата: Миење садови и менување пелени

Profimedia
профимедиа

Холивудскиот актер Џорџ Клуни прозборе за периодот на карантини предизвикани од коронавирусот. Тој поголемиот дел од времето го поминувал со неговата 42-годишна сопруга Амал и нивните тригодишни близнаци Александер и Ела.

Оваа година во мај, Џорџ Клуни ќе наполни 60 години, па се подразбира дека за него секако било навистина голем предизвик поголемиот дел од времето да биде затворен дома со тригодишните близнаци кои имаат енергија да поместат планина.

Instagram
Instagram

Тој за „Лос Анџелес Тајмс“ откри како му поминале последните девет месеци.

Последните девет месеци ги поминав претежно дома. Имам тригодишни близнаци, па навистина беше голема авантура која вклучуваше миење садови и менување пелени. Најчесто моја“, рече Клуни.

Како што вели актерот, тој е свесен дека има голема среќа што ја имал таа привилегија да бира каде ќе го помине тоа време – во вилата од 10 милиони американски долари во Англија, онаа во Лос Анџелес или неговата омилена резиденција на езерото Комо во Италија.

Instagram
Instagram

Добро е што имаме доволно простор во куќата, а по потреба можеме да уживаме и на воздух“, изјави актерот.

Тој вели дека е убеден дека сите ќе излеземе како подобри луѓе по оваа тешка година.

Ова беше страшна година за сите нас. Почна лошо и продолжи така до сега… Но, јас сум еден од среќниците затоа што сè уште имам успешна кариера...“, вели тој.

Instagram
Instagram

Грижејќи се за вашето семејство, истовремено се грижите за целата земја… Ова беше навистина ужасна година, но ќе помине. Убеден сум во тоа“, истакна Клуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот