Џонсон: Вакцинацијата ќе ни овозможи нормален живот и придвижување на економијата

Борис Џонсон / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека веста дека британското регулаторно тело ја одобрило употреба на вакцината на Фајзер и Бионтек е „фантастична” и оцени дека вакцинацијата ќе придонесе за рестартирање на британската економија.

– Вакцинацијата ќе ни овозможи да се вратиме во нормалниот живот и повторно да ја придвижиме нашата економија, рече Џонсон.

Првиот човек на медицинска професија во Велика Британија, Крис Вити најави дека до пролет следната година би требало да заврши вакцинацијата на здравствено најзагрозените Британци.

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок претходно за Сакј Њуз изјави дека Велика Британија следната недела ќе почне да ги вакцинира граѓаните против Ковид-19 со вакцината на компаниите „Фајзер” и „Бионтек”.

„Фантастична вест“: Велика Британија следната недела почнува со вакцинација против ковид-19

Велика Британија прва во светот ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на компаниите „Фајзер” и „Бионтек”.

– Владата денеска ја прифати препораката на Агенцијата за лекови и здравствени производи и одобри употреба на вакцината на Вајзер и Бионтек, објави британската Влада.

Велика Британија прва во светот ја одобри употребата на вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот