Џонсон и Трамп согласни: Планот на Пекинг ја загрозува автономијата на Хонгконг

Законот, со кој би се криминализирала сецесијата, тероризмот и странското мешање во Хонгконг, го осудија западните земји како Велика Британија, САД, Австралија и Канада.

Британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Доналд Трамп оценија денеска, во телефонски разговор оценија дека планот на Кина да воведе закон за национална безбедност во Хонгконг ќе ја загрози автономијата на таа територија.

„Лидерите рекоа дека планот на Кина да воведе закон за национална безбедност во Хонгконг е во спротивност со нејзините обврски кон кинеско-британската заедничка декларација и дека ја поткопува автономијата на Хонгконг и рамката „Една земја два системи“, се наведува во соопштението кое го објави кабинетот на Џонсон по разговорот со Трамп.

Сенародниот кинески Конгрес одобри во четвртокот предлог закон кој ќе биде упатен на постојаниот одбор на конечно усвојување.

Законот, со кој би се криминализирала сецесијата, тероризмот и странското мешање во Хонгконг, го осудија западните земји како Велика Британија, САД, Австралија и Канада.

Тие земји во заедничко соопштение тврдат дека новиот закон ќе ги наруши одредбите од кинеско-британскиот договор од 1984 годиа, со кој на поранешната британска колонија ѝ е загарантирана автономијата.

Во соопштението се оценува дека со одлуката на Кина „директно се кршат меѓународните обврски кои произлегуваат од начелото на правно обрзувачката заедничка кинеско-британска декларација која ја потврдија и Обединетите нации“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот