Џинифер Анистон влезе во гинисовата книга на рекорди! Ќе се чудите зошто! (ФОТО)

Фото EPA/NINA PROMMER

Првата објава на Џенифер Анистон (50) на Инстаграм, селфи со пријателите од популарната серија Пријатели, во средата ги воодушеви обожавателите, а фотографијата за помалку од еден ден собрала дест милиони лајкови, пренесуваат британсктие медиуми.

Селфито со Лиса Кудроу, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Дејвид Швимер и Метју Пери, Анистон го објавила со информација дека актерската екипа неодамна се дружела во домот на Кортни.

„А сега сме и Инстаграм пријатели. Здраво Инстаграм“, напишала актерката.

 

View this post on Instagram

 

And now we’re Instagram FRIENDS too. HI INSTAGRAM ??

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

Објавата привлекла толку големо внимание кај следачите со што повремено ја срушило страницата. Нејзиниот профил бил толку оптеретен што фановите во еден момент полуделе бидејќи не можеле да ја заследат ѕвездата.

 50-годишната Џенифер Анистон сега влезе во Гинисовата книга на рекорди. Имено, покрај тоа што со својата прва фотографија собра зачудувачки речиси 12 милиони лајкови, ѕвездата на хит серијата „Пријатели“ успеа да се приклучи и на славниот светски список на рекорди.
Според официјалниот Instagram профил на Гинисовата книга на рекорди, Џенифер за најкусо време успеа да има милион следбеници. Имено, со првата фотографија со нејзините колеги од сетот на „Пријатели“, за само пет часа и 16 минути имаше милион пријатели на социјалната мрежа, а моментално има 12 милиони фанови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот