Џастин Трудо: По него лудуваат жените низ цел свет, а тој ѝ е верен само на една
Некогашната водителка на канадската телевизија E talk, Софи Грегоар Трудо, денес е првата дама на Канада.
Иако семејството на својот избраник го познавала скоро цел живот бидејќи се дружела со братот на Трудо, кој загинал во 23-година од животот, судбинската средба се склучила во 2003 година на добротворен бал.
„Се смеевме, се шегувавме и си реков дека тој е некој кој треба сериозно да се сфати“, вели Софи.
Следниот ден му напишала мејл, на кој Трудо никогаш не одговорил. Но набрзо судбината повторно ги споила, а Џастин не губел време, па закажале прв состанок.
„Знаев дека таа е вистинската. Толку е убава и грижлива, одговорна, свесна и мила личност. Се прашував каде се криела 32 години, зашто цел живот ја чекав само неа“, романтично изјавил Трудо, кој за себе вели дека е феминист и отворено покажува дека е на страна на жените.
Брачниот пар Трудо првпат предизвика остри критики од јавноста по повод снимањето на едиторијалот за „Вог“, каде што Трудо е во прегратка на својата жена.
Набрзо потоа госпоѓа Трудо повторно ја дигна јавноста на нозе бидејќи се пожали дека „тешко ги усогласува обврските, бидејќи има само еден член од послугата на располагање.
„Би сакала да можам сè, ама не можам. Имам три деца и маж кој е премиер“, се пожалила првата дама на Канада.
Сепак, нивниот брак, според многумина е идеален, а Софи има целосна доверба во својот сопруг.
„Тој е личност со силен интегритет, чесен и со неверојатен дар за проценка. Му замерувам што понекогаш е премногу чувствителен“, рекла Софи.
Многу жени ширум светот го сметаат Трудо за совршен маж, а тој со секоја своја постапка се труди да го оправда својот углед. Иако е еден од најпосакуваните мажи, неговото срце е одамна зафатено.
Имаат три деца 12-годишниот Ксавиер Џејмс, 10-годишната Ела Грејс Маргарет и 5-годишниот Хадриен Грегоире.