Девојче пронашло заб од изумрена ајкула што постоела во праисторијата

Моли Сампсон
Фото: Фејсбук/Алиша Сампсон

Секој аматерски ловец на фосили сонува да пронајде праисториски и ретки фрагменти. Токму тој сон ѝ стана реалност на едно деветгодишно девојче, пишува „Би-би-си“.

Деветгодишната Моли Сампсон била на божиќно патување во Калверт Бич во сојузната држава Мериленд и ѝ кажала на нејзината мајка дека „ја бара Мег“.

Додека била во вода до колена, во еден момент го нашла токму тоа што го барала – заб кој ѝ припаѓал на мегалодон, изумрена ајкула што постоела во праисторијата.

Кураторот во локалниот поморски музеј го нарече „откритие што се случува еднаш во животот“.

Ајкулата мегалодон, што е старогрчки збор за „голем заб“, живеела во морињата ширум светот сè додека не изумрела пред околу три и пол милиони години.

Со должина од 20 метри, овој вид не само што бил најголемата ајкула во светот, туку и една од најголемите риби во историјата.

Забот што го пронашла Моли е долг 12 сантиметри, колку што е долга и раката на девојчето, вели нејзината мајка Алиша Сампсон, која веста ја објави на Фејсбук.

Нејзиниот сопруг уште од дете барал фосили во областа, а Моли пронашла повеќе од 400 помали заби. Никој од нив досега не нашол толку голем примерок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот