Девет Палестинци повредени, десет уапсени во судир со полицијата во Ерусалим

Фото: МИА

Девет Палестинци се денеска повредени, а десет се уапсени во судир со израелската полиција во источниот дел на Ерусалим.

Околу илјада Палестинци се собраа денеска по молитвата пред џамијата Ал Акса, трета по значење во исламот, носејќи палестински знамиња и извикувајќи „Бог е голем“.

Некои од демонстрантите фрлале камења кон полицијата, кои ги чувале влезовите на храмот.

Во полициското соопштение се наведува дека неколку десетици млади луѓе го нарушиле редот и почнале да гаѓаат со камења. Тројца од повредените Палестинци се хоспитализирани.

Полицијата ги растерала со гумени куршуми, шок бомби и употребила физичка сила, соопшти палестинската Црвена полумесечина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот