Детето од Прилеп кое исчезна во Тетово најдено во Скопје

Секторот за внатрешни работи од Тетово информираше дека е најдено шестодишното дете од Прилеп кое беше пријавено кај нив како исчезнато на 18 мај од страна на родителите. Детето го нашле полициски службеници во Скопје.

– Детето било предадено и згрижено во соодветна социјална установа во Скопје. Инаку, детето и претходно во повеќе наврати се оддалечувало од неговите родители, но и честопати покажувало знаци и постапки на асоцијално однесување, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Случајот во СВР Тетово на 20 мај го пријави неговиот татко, 29-годишниот Е.М. Според неговото кажување, детето се изгубило два дена порано додека играло во забавниот парк на спортскиот центар во Тетово. Тројцата членови на семејството во мај времено дошле од Прилеп во Тетово каде работеле на собирање старо железо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот