Дете што пелтечи стана ѕвезда на Конвенцијата на Демократите: Еве како Бајден му помогнал на 13-годишниот Брејден (ВИДЕО)

epa08615678 A framegrab from the Democratic National Convention Committee livestream showing Joe Biden speaking during the final night of the 2020 Democratic National Convention (DNC) in Milwaukee, Wisconsin, USA, 20 August 2020. The convention, which was expected to draw 50,000 people to the city, is now taking place virtually due to coronavirus pandemic concerns. EPA-EFE/DNCC

Брејден поради храброста јавно да настапи подоцна го пофалија бројни корисници на социјалните мрежи, а една од пофалбите пристигна и од спротивната страна на политичкиот спектар.

Највпечатливата сцена од последната вечер на Демократската национална конвенција не беше настапот на политичарите или холивудските ѕвезди туку говорот на 13-годишно дете кому Џо Бајден му помага да го надмине пелтечењето.

Брејден Харингтон (13) порача во емотивната видео порака дека Бајден го запознала на предизборниот собир во Њу Хемпшир на почетокот на годината.

„Без него денеска не би ви говорел“, рече насмеаното момче.

„Ми рече дека сме членови на ист клуб. Ние пелтечиме. Беше неверојатно да се слушне дека некој како мене станал потпретседател“, вели Брејден.

77-годишниот Бајден како дете пелтечел поради што постојано му се потсмевале.

Бајден понекогаш во рамки на кампањата говори за својот напор да го надмине пелтечењето, и за тоа како на глас читал книги од ирските поети и ноќе го вежбал изговорот со светилка вперена во огледало.

Брејден раскажа дека Бајден му зборувал за песните кои ги читал на галс и му покажал како ги означува своите говори за полесно да ги каже.

„Јас сум само обично момче, а Бајден за кратко време ми всади самодоверба за нешто што ме мачеше цел живот“, рече детето.

„Џо Бајден се грижи за мене. Замислете што може да направи за сите нас“, порача Брејден.

Брејден поради храброста јавно да настапи подоцна го пофалија бројни корисници на социјалните мрежи, а една од пофалбите пристигна и од спротивната страна на политичкиот спектар. Советничката на американскиот претседател Доналд Трамп, Келиен Конвеј објави на Твитер: „Тоа е вистински пат, Брејден“.

Во видеото за животниот пат на Бајден, кој е емитуван пред да ја прифати демократската претседателска номинација во четвртокот вечер, се споменува и неговиот проблем со пелтечењето во младоста, кој бил видлив и неколку пати во текот на демократските дебати.

Бајден во интервју за списанието Атлантик рече дека се уште пелтечи, со што може да се објаснат некои негови гафови. А кога некаде ќе запознае личност која пелтечи, често ѝ го дава својот приватен телефон.

„Може да ми се јават“, рече Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот