Дете е повредено во сообраќајка на автопатот Неготино – Демир Капија 

Фото: Илустрација
Седумгодишник бил тешко повреден откако австриско возило управувано од германски државјани, излетало од автопатот Неготино-Демир Капија, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Денеска околу 5:00 часот на автопатот Неготино – Демир Капија, на два километри пред бензинска пумпа „ДЕТ ОИЛ”, патничко возило „тојота рав 4″ со австриски национални ознаки, управувано од M.В.(34) од СР Германија, излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобило седумгодишното дете, сопатник во возилото, кое било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје – појаснува Додевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот