Дербито со Арсенал е клучот за судбината на Солскјер?

twitter.com/TheSporTalk

Денеска во рамките од седмото коло од Премиер лигата на „Олд Трафорд“ ќе се игра дербито од 17.30 часот помеѓу екипите на Манчестер јунајтед и Арсенал.

Две екипи кои можат да се пофалат на натпреварите во Европа (поточно ЛШ и Лига Европа), но истото не може да се каже и за досегашните перформанси на домашната сцена.

Во Лигата на шампионите блескаа „црвените ѓаволи“ во првите две кола, но во Премиер лигата каде после пет одиграни натпревари имаат само две победи и се дури на 15 позиција со седум бода, девет помалку од лидерот Ливерпул, со напомена дека актуелниот шампион има два меча повеќе.

Игра доста променливо составот на Оле Гунар Солскјер сезонава, загуби дома од Кристал Палас (1:3), едвај триумфираше кај Брајтон (2:3), па следуваше катастрофата дома од Тотенхем (1:6), победата над Њукасл (1:4), а во минатата рунда ремизираше со Челси без голови.

„Црвените ѓаволи“ се без триумф на домашен терен од почетокот на првенството, а тоа не им се случило во последните 48 години. Имаат девет реализирани голови, а секако за нив боли податокот што на пример играчот на Тотенхем, Сон Хјунг-мин веќе постигна осум.

Солскјер и натаму е под притисок, тој сега скоро ги има сите играчи на располагање, но проблемите се околу формацијата, Фернандеш и Погба тешко играат заедно, има дилема дали да започне со Кавани од првата минута покрај Решфорд и Гринвуд, или да игра со двајца напаѓачи.

„Театарот на соништата“ веќе не е толку страшен како во ерата на легендарниот Сер Алекс Фергусон, а и сега навивачите ги нема поради пандемијата на коронавирус.

Доколку денеска не триумфира и евентуално на гостувањето кај Евертон во наредното коло, повторно ќе се шпекулира околу судбината на норвешкиот менаџер, а и натаму се шпекулира дека можно е на клупата во иднина да седне Маурисио Покетино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот