Денвер не се предава, направи чудесен пресврт и ќе игра мајсторка и со Клиперси (ВИДЕО)
Денвер нагетс славеше во шестиот натпревар против Лос Анџелес клиперс со 111:98 и израмни во серијата на 3:3 во победи.
Идентично како и на стартот од плеј-офот, Денвер губеше со 1:3 во победи но успеа да пронајде начин и да се избори за одлучувачки седми натпревар.
Овој пат, кошаркарите на Денвер губеа против вториот носител на Западот, ЛА Клиперс, но во шестиот натревар направија неверојатен пресврт, надополнија негатива од 19 поени и успеаја да слават и да се изборат за мајсторка.
Јунак во триумфот беше Никола Јокиќ кој постигна три тројки едноподруго во одлучувачки моменти во последната четвртина. Јокиќ напреварот го заврши со 34 поени и 14 скокови и седум асистенции.
Во првото полувреме доминираа кошаркарите на ЛА Клиперс, во еден момент од средбата имаа и 19 поени предност, а на паузата заминаа со убедливи 63:47. Но, благодарение на Јокиќ, Денвер во третата четвртина комплетно ја стопи предноста, и потоа и да дојде до победата.
Покрај Јокиќ, во победата на Денвер се истакнаа и Џамал Мареј со 21 поен и по пет скока и асистенции, Гери Херис постигна 16 поени, а Мајкл Портер 13 поени.
На Клиперси не им помогна ниту одличната игра на Пол Џокџ кој уфрли 33 поени, додека Каваи Ленард даде 25 поени.
Одлучувачкиот седми натпревар се игра во ноќта вторник кон среда.