Денеска се слави Младенци, паровите чекаат гости со овие обичаи

Фото: Pixabay

Младенци го означува почетокот на пролетта. Овој ден е еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија, кои маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера.

На тој ден младите домаќинки ги пречекуваат гостите во својата куќа и ги покажуваат своите вештини и умешност како домаќинки. Овде треба да се забележи дека Младенци секогаш паѓаат со пост, бидејќи светиот пост обично започнува на почетокот или средината на март и затоа секоја гозба што се подготвува на овој ден мора да се пости, заради здравјето и напредокот на децата на младите сопружници.

Празникот Четириесет маченици во Севастија – Младенци

Во 320 година четириесет војници во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исус Христос, биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува.

Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од христијанската вера може да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можел да издржи во водата што смрзнувала. Тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Празник на љубовта, младоста и бракот

Овој празник го слават брачните парови во првата година од бракот, оние кои се венчале по 22 март претходната година.

Во минатото во Македонија со празникот Свети четириесет маченици биле поврзани голем број обичаи и верувања. Еден дел од нив се поврзани со споменот за Светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамноденица, со денот на пролетта и повторното оживување на природата.

Различни обичаи се практикуваат во различни делови од Македонија

Според некои, младите кои се венчале годината пред Младенци, на овој ден одат во црква каде ги палат свеќите од венчавката за да догорат.

Вечерта на Младенци во домот на младите се повикуваат гости за да им посакаат среќа во бракот и желби за новороденче. Во некои случаи се оди на гости и во семејствата кои добиле новороденче.

Жените го пречекуваат утрото и месат колачиња за долг, среќен и сладок живот, а со нив ги служат гостите. Празникот секогаш се паѓа во време на пост, така што и храната која се подготвува за тој ден мора да биде посна. Освен колачите, на Младенци се јаде мед, варена коприва и зелје за да се исчисти крвта.

Најпознат, најдобро зачуван и најпочитуван обичај кај младенците е жените да стануваат рано и да месат колачиња од пченично брашно.

Популарно се познати како младенци и симболизираат долг, среќен и сладок брачен живот.

Симболично, младенците се премачкуваат со мед и се нудат на сите гости кои тој ден ќе дојдат во куќата на младенците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот