Денеска ќе знаеме дали документарецот „Медена земја“ ќе биде номиниран за Оскар

Преносот од објавувањет на номинациите ќе може да се следи преку www.oscar.go.com и преку профилите на Академијата на Фејсбук, Твитер и на Јутјуб, а ќе започне од 14.18 часот по средноевропско време. 

Во Лос Анџелес денеска ќе бидат објавени номинациите за најпрестижното филмско достигнување Оскар во 24 категории, а македонскиот документарец, „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е во потесниот избор за номинација.

Преносот од објавувањет на номинациите ќе може да се следи преку www.oscar.go.com и преку профилите на Академијата на Фејсбук, Твитер и на Јутјуб, а ќе започне од 14.18 часот по средноевропско време.

„Пред дождот“ на Милчо Манчевски е единствениот македонски филм кој добил номинација за Оскар, во 1995 година.

Претходно, во 1980 како југословенски кандидат номинација за Оскар имаше добиено краткиот документарец „Дае“ на Столе Попов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот