Десет дена жалост во Шпанија, Британија со највисока стапка на смртност од ковид-19

Шпанската Влада денеска донесе одлука за 10-дневна жалост за починатите од Ковид-19, што е најдолгиот официјален период на жалост во последните 40 години. 

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 5.637.367 лица. Од нив починале 349.290, а оздравеле 2.404.451.

– Во Србија во последните 24 часа нема смртни случаи како резултат на коронавирусот, објавенo е на веб-страницата на Министерството за здравство covid19.rs. Бројот на жртви од почетокот на епидемијата е 239. Од последниот пресек на состојбата во Србија, 3.427 лица се тестирани за коронавирус, а вирусот е потврден кај 34 од нив.

Белград, Србија / Мај 2020 / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC.

– Откако во неделата, на 24 мај, првпат од 13 март, кога се појавија првите заразени од новиот коронавирус во Косово немаше ниту еден нов случај, вчерашните тестирања потврдија шестмина новозаразени, со што бројот на досега заболени од Ковид-19 достигна до 1.038. Институтот за јавно здравство на Косово, во својот последен извештај за состојбата со пандемијата, објави дека во земјата во понеделникот е извршено тестирање на 243 примероци на лица за кои постоело сомневање дека се заболени од Ковид-19, со што вкупната бројка на извршени тестови достигна до 13.505.

Приштина, Косово / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Вчера се регистрирани и два нови случаи на лица кои се излекувани откако претходно резултирале позитивни на новиот вирус, со што бројката на лица кои ја пребродиле болеста достигна до 791. Вкупно досега во Косово починале 30 заболени од Ковид-19, со тоа што сите страдале од други хронични болести.

– Во последното деноноќие во Албанија, по неколкудневни едноцифрени бројки, регистрирани се
25 новозаразени со Ковид-19. Од нив 24 се во Тирана, од кои, пак, 15 се вработени во кол центар, каде пред два дена е регистран првиот позитивен случај.

Тирана, Албанија / Мај 2020 / Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Оздравени се уште осум лица или вкупно 803, односно 78 отсто од вкупно дијагностицирани 1.029 лица. Во исто време, како последица од болеста почина 69- годишен пациент од Тирана, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 33. Активни на болеста се 193 лица, од нив болнички се лекуваат 17 пациенти, а тројца се на интензивна терапија.

Акропол, Атина, Грција / Мај 2020 / Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

– Во Грција денеска беа соопштени десет нови позитивни случаи на Ковид-19 и еден смртен случај. Вкупниот број на заразени се зголеми на 2.892 лица, а на починати на 173 лица. Хотел со бегалци и мигранти на Пелопонез од денеска е во карантин во следните 15 дена, откако беа потврдени три нови случаи на Ковид-19.

Никозија, Кипар / 21 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/KATIA CHRISTODOULOU

– Од направени 2.214 анализи, во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани само два нови случаи на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 939 лица.

– Во Австрија продолжува да опаѓа бројот на хоспитализирани лица со Ковид-19, но и бројот на активно болни.

Виена, Австрија / Мај 2020 / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

 Во болниците во Австрија моментално има 127 пациенти заразени со новиот коронавирус, 12 помалку од вчера, од кои 32 се на интензивна нега. Бројот на активно заболени падна за 28, на 651, а бројот на починати се зголеми за двајца, на 643.

Шпанската Влада денеска донесе одлука за 10-дневна жалост за починатите од Ковид-19, што е најдолгиот официјален период на жалост во последните 40 години. За време на деновите на жалост, што ќе започнат во среда, знамињата на повеќе од 14.000 институции и бродови ќе бидат на половина копје.

Барселона, Шпанија / Мај 2020 / Фото: EPA-EFE/MARTA PEREZ

Како што се наведува во владиното соопштение, кралот Филип ќе претседава со комеморацијата, откако земјата ќе излезе од карантинот воведен пред два и пол месеци.
Во Шпанија се пријавени 28.752 смртни случаи од коронавирус и 235.772 заразени.

– Велика Британија во моментов има највисока стапка на смртност од Ковид-19, која изминатата недела е повисока отколку во Франција и Италија заедно, пренесува Индипендент. 

Гринвич Парк / Април 2020, Лондон, Велика Британија / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Во последните 24 часа во Велика Британија уште 118 луѓе починале како последица на коронавирус, со што вкупниот број починати од почетокот на епидемијата изнесува 36.793 лица.

– На второ место во однос на стапката на смртност во последните седум дена е Шведска.

– Најголем број смртни случаи од Ковид-19 во светот е регистриран во САД – 99.805 лица, каде има и најмногу регистрирани случаи на зараза (1,714,385).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот