Ден на одлука за Адеми и Динамо во Лигата на шампионите

Luka Stanzl/PIXSELL

На стадионот „Максимир“ хрватскиот клуб и македонскиот интернационалец Аријан Адемо ќе го пречекаат Манчестер сити.

Во групата „Ц“ после пет кола на првото место е сигурен Манчестер сити со 11 бодови, и веќе е со мислите кон ждрепката за осминафиналните двојки.

Голема борба се води за втората позиција меѓу три екипи, второпласиран е Шахтјор Доњецк со шест, пред Динамо Загреб (пет) и Аталанта (четири).

За „модрите“ е неопходна победа, но и да не триумфираат играчите на Шахтјор против Аталанта.

– Динамо е големо изненадување од самиот почеток во ЛШ. Петковиќ, Олмо, Оршиќ и останатите се одлични играчи и верувам дека пласманот на Динамо би било голем успех – рече менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, нашиот Адеми се очекува да биде во стартниот состав за мечот кој што почнува од 18.55 часот, а во него би требало да се најдат уште Ливаковиќ, Стојановиќ, Дилавер, Мубанџе, Моро, Гојак, Кадзиор, Олмо, Оршиќ и Петковиќ.

Лига на шампиони

Група А

21.00 ч. Клуб Бриж-Реал Мадрид
21.00 ч. ПСЖ-Галатасарај

Табела: ПСЖ 13 бодови, Реал Мадрид 8, Клуб Бриж 3, Галатасарај 2.

Група Б

21.00 ч. Баерн Минхен-Тотенхем
21.00 ч. Олимпијакос-Црвена Звезда

Табела: Баерн Минхен 15 бодови, Тотенхем 10, Црвена звезда 3, Олимпијакос 1.

Група Ц

18.55 ч. Динамо Загреб-Манчестер сити
18.55 ч. Шахтјор Доњецк-Аталанта

Табела: Манчестер сити 11 бодови, Шахтјор Доњецк 6, Динамо Загреб 5, Аталанта 4.

Група Д

21.00 ч. Баер Леверкузен-Јувентус
21.00 ч. Атлетико Мадрид-Локомотив Москва

Табела: Јувентус 13 бодови, Атлетико Мадрид 7, Баер Леверкузен 6, Локомотив Москва 3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот