„Делиите“ и навивачите на Олимпијакос го окупираа Белград (ВИДЕО)

фото: Курир,рс/принтскрин

Вечерашниот дуел од Лигата на шампионите во Белград помеѓу Црвена Звезда и Олимпијакос е одлична можност за заедничко навивање на збратимените навивачи на двата клуба, „Делиите“ и „Гејт 7“.

Навивачите на двете екипи доминираат во центарот на Белград, постојано пеат навивачки песни на Црвена Звезда и на Олимпијакос и воопшто нема инциденти.


Полицијата која е во приправност, не им дозволи на навивачите на двете екипи да направат кортео на популарната улица „Теразија“ која е самиот центар на Белград.
Се очекува и „Делиите“ и „Гејт 7“ заедно да се упатат кон стадионот „Рајко Митиќ“.

Навивачите на Црвена звезда и Олимпијакос се збратимени бидејќи во изминатите 30-тина години, дури 28 спортисти, највеќе фудбалери и кошаркари го носеле дресот на српскиот и грчкиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот