Дел од метеорит пронајден во двор од куќа во село Пречна

Дел од метеоритот кој на 28 февруари експлодира над словенечко-хрватската граница е најден во двор од куќа во селото Пречна во близина на Ново Место, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Сопствениците на куќата сосема случајно го пронашле парчето и веднаш повикале стручни служби, кои потврдиле дека станува збор за вистински метеорит.

Делот од метеоритот тежи 203 грама и веднаш е сместен во Природно-научниот музеј.

Се претпоставува дека во околината на Ново Место има уште делови од метеоритот, па човекот кој го пронајде првиот ги повика своите сограѓани да ги пребараат дворовите, бидејќи големи се шансите и тие на најдат и други парчиња.

Инаку, метеоритот експлодира во воздух на висина од 34,5 километри, а во атмосферата влезе со брзина од 21 километар во секунда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот